Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Празнување на Илинден 2014 во село Јабланица


01 август 2014 год.

Во пресрет на најголемиот македонски празник Илинден, Јабланица во препознатлив ритам, потсетувајќи на некои убави времиња, се подготвува за празникот.Детскиот џагор се разлева по Гроф, а домаќинините забрзано ги извршуваат последните подготовки.

Мојата Јабланица го прославува вториот роденден со повеќе од 21000 посети.Оваа година нашите обиди да го претставиме селото Јабланица пред светот со сите свои добри и лоши работи го препознаа почитуваните Насто Палиоски и Петко Деспотоски кои што со финансиски средства помогнаа во опстојувањето на нашата веб страница за барем уште една година.

Како што е познато утре во раните утрински часови се врши посета на манастирската црква Св. Пророк Илија, после кусото дружење и заедничкиот појадок се продолжува во месноста Ливаѓе каде што се одржува традиционалниот Илинденски турнир во мал фудбал.

Вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите со следниот распоред:

 
Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2014 година
1.Ломница Победник од екипата 1 и 2 Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) Победник
2.Дејкоска
3.Гроф Победник од екипата 3 и 4
4.Шајноа
5.Топлец Победник од екипите 5 и 6 Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2)
6.Белковци
7.Горна Слободна

Турнирот започнува во 8:30 часот со натпреварот Ломница - Дејкоска Маала

Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

За многу години да го славиме Илинден

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2014 год, село Јабланица

02 август 2014 год.

Ломница - Дејкоска Маала 3:0 (службено)

Заради оправдани причини,екипата на Дејкоска не беше во можност да состави екипа, нека им е со среќа на младоженците.

Шајноа Маала - Гроф 3:1

Стрелци на головите беа: Демироски Алија 2, Садикоски Беко 1 за Шајноа Маала додека за малата Гроф вистински еврогол постигна Ѓероски Веле

Топлец - Белковци 2:0

Головите ги постигнаа Деспотоски Бобан и Бизимоски Зоран - Гене.

Прво полуфинале: Ломница - Горна Маала 1:2

Стрелци на головите беа Аце Цоклески и Горан Цоклески за Горна Маала, а Даниел Будиноски за Ломница

Второ полуфинале: Топлец - Шајноа Маала 4:2

Стрелци на головите: за Топлец Зоран Бизимоски- Гене, Сашо Петроски, Борче Ѓероски и Ромче Анѓелкоски, додека за Шајноа Маала стрелци беа, Џенит Шабоски и Беко Садикоски

ФИНАЛЕ: ГОРНА МААЛА - ТОПЛЕЦ 5:0

Стрелци на головите Горан Цоклески 4 и Никола Долински 1

ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2014 ГОДИНА Е EКИПАТА НА:

ГОРНА МААЛА

gorna maala-jablanica.jpg
ПОБЕДНИК НА ТУРНИРОТ ЕКИПА НА ГОРНА МААЛА

Од лево стојат; Лекоски Тони, Пентелашоски Игор, Будиноски Игор, Петроски Григор, Цоклески Димче, Ѓероски Вело, Цоклески Аце, Цапоски Стефан, Лекоски Лоран, седат;Пентелашоски Наумче, Долински Никола, Цоклески Горан, Баткоски Јован и Пентелашоски Димче

zaednicka slika.jpg
ФИНАЛИСТИТЕ ТОПЛЕЦ И ГОРНА МААЛА

Од лево стојат; Пентелашоски Наумче, Будиноски Игор, Петроски Григор, Лескароски Веле, Долински Никола, Петроски Сашо, Цоклески Аце, Цапоски Стефан, Баткоски Јован седат; Петроски Благоја, Деспотоски Бобан, Анѓелкоски Ромче, Цоклески Горан, Бизимоски Зоран - Гене, Цоклески Димче и Ѓероски Вело

web counter