Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Илинден 2024 во село Јабланица
01 август 2024 год.
Овие денови Јабланица дише во знакот на дочекот на најголемиот македонски празник Илинден.
Јабланичани традиционално на 2 август во раните утрински часови прво ја посетуваат манастирската црква Св. Илија, таму се организира релаксирано дружење и скромна закуска. Од година во година бројот на посетители постојано се зголемува, особено радува фактот што помеѓу посетителите се побројни се младите Јабланичани. Се надеваме дека и понатака ќе ја одржиме оваа прекрасна традиција.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ
Во пресрет на празникот, вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“ со следниот распоред:
Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2024 година | |||
1.ТОПЛЕЦ-ГРОФ | Победник од екипата 1 и 2 | Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) | Победник |
2.ЛОМНИЦА | |||
3.БЕЛКОВЦИ | Победник од екипата 3 и 4 | ||
4.ГОРНА МААЛА | |||
5.ДЕЈКОСКА МААЛА | Победник од екипите 5 и 6 | Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2) | |
6.ШАЈНОА МААЛА | |||
7.БОЈКОО | Слободна | ||
Турнирот започнува во 8:30 часот со натпреварот ТОПЛЕЦ-ГРОФ -- ЛОМНИЦА
Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.
Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе
За многу години да го славиме Илинден
-Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2024 год, село Јабланица
02 август 2024 год.
По којзнае кој пат годинава се одржа традиционалниот турнир во фудбал во една прекрасна пријателска атмосфера. Турнирот започна со натпреварот Толец-Гроф против ланскиот победник екипата на Ломница
ТОПЛЕЦ-ГРОФ - ЛОМНИЦА 1:2
Заедничка фотографија на Топлец-Гроф и Ломница
БЕЛКОВЦИ-ГОРНА МААЛА 0:3
Заедничка фотографија на Белковци и Горна Маала
ДЕЈКОСКА- ШАЈНОА МААЛА 2:1
Заедничка фотографија на Дејкоска Маала и Шајноа Маалаа
Во првиот круг екипата на Бојкоо беше слободна
Прво полуфинале: ЛОМНИЦА-БОЈКОО 1:2
Второ полуфинале: ГОРНА МААЛА-ДЕЈКОСЛА МААЛА 2:1
финалист екипата на Горма Маала
ФИНАЛЕ: БОЈКО - ГОРНА МААЛА 1:0
ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2015 ГОДИНА Е EКИПАТА НА: БОЈКОО
ШАМПИОНИТЕ ЗА 2024 ГОДИНА ЕКИПАТА НА БОЈКОО