Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2025 во село Јабланица


01 август 2025 год.

Во пресрет на големиот празник Илинден, во Јабланица се привршуваат подготовките за празнување на празникот.

Како и скоја година во раните утрински часови ја посетуваме манастирската црква Св. Илија, таму, традиционално се организира појадок, а потоа се продолжува со турнирот во Ливаѓе. Од година во година бројот на посетители постојано се зголемува, особено радува фактот што помеѓу посетителите се побројни се младите Јабланичани. Се надеваме дека и понатака ќе ја одржиме оваа прекрасна традиција.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ

 

Во пресрет на празникот, вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“ со следниот распоред:

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2024 година
1.ДЕЈКОСКА Победник од екипата 1 и 2 Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) Победник
2.ЛОМНИЦА
3.ШАЈНОА Победник од екипата 3 и 4
4.ТОПЛЕЦ-ГРОФ
5.БЕЛКОВЦИ Победник од екипите 5 и 6 Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2)
6.БОЈКОО
7.ГОРНА МААЛА Слободна

Турнирот започнува во 9:00 часот со натпреварот ДЕЈКОСКА МААЛА ----- ЛОМНИЦА

Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

За многу години да го славиме Илинден

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2025 год, село Јабланица


web counter