Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

26 декември 2014 год.

Новогодишна приредба во ОУ „Гоце Делчев“ село Јабланица


Денеска ОУ „Гоце Делчев“ село Јабланица се организираше традиционалната Новогодишна училишна приредба, на задоволство на присутните, сите учесници во приредбата позитивно не изненадија со своите таленти, вештини и посветеност. Приредбата изобилуваше со прекрасни рецитаторски, балетски, музички и драмски точки. Во склоп на приредбата се организираше и базар на кој што учениците ги продаваа своите прекрасни декоративни празнични креации.Скромните средства собрани од продажбата ќе бидат искористени за купување на неопходни училишни помагала.





web counter