Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


Репортажа за Јабланица


02 ноември 2017 год

Кога сивите есенски магли и досадниот ноемвриски дожд ќе се спуштат по шарените јабланички падини, студот се вгнездува во коски, но душата останува топла, особено, кога пребарувајќи на интернет повторно налетате на прекрасна приказна за Јабланица и јабланичаните.

Приказната напишана за кусо време, само неколку часа престој во манастирот Св. Илија на празникот Духови и неколку куси разговори со присутните, од страна на нашиот познат писател Ристо Ќортошев совршено ја отсликува Јабланица и јабланичаните.

После објавувањето на порталот Муабет.мк приказната предизвика голем интерес кај посетителите. Во овие тешки времиња за Јабланица и другите села во Македонија, секое спомнување, секоја репортажа за луѓето настаните и природните убавини претставува вистинско богатство.

Ристо Ќортошев

Мојата Јабланица им се заблагодарува на авторите на овој убав текст и ги повикува повторно да не посетат во некоја следна прилика, да документираат некој нов настан, некоја нова приказна, да раскажат за некоја природна убавина.

Текстот е целосно копиран од споменатиот портал и можете да го прочитате тукa:

Јабланица – Село споменик

На околу петнаесетина километри, од патот Струга – Дебар, лево, кон планината Јабланица се наоѓа селото кое го носи истото име како и планината Јабланица.

За да се стигне до него, треба да се помине низ две други села – Лабуништа, а потоа Боровец. Тие се населби од збиен тип, куќа до куќа и како да немаат дворови.

Куќите се скоро сите нови и на катови, па повеќе личат на градови одколку на села! Од Боровец нагоре, кон нај високите врвови на Јабланица, води не многу широк асвалтиран пат, кој минува низ неверојатно густа шума, наместа со столетни букови дрвја. Некои од нив си го изминале векот, суви, и искршени од ветрот ,, крилја’’ стојат немо и како, молкум да раскажуваат за длабоката и богата историја на Јабланица – осамено планинско село, сега селце, зашто ,, манијата ‘’ за одење во странство , ,, дома ‘’ или надвор го запустило. Патуваме нагоре и се нагоре, самата прироада, амбиентот, пезажот, се такви што не те остава рамнодушен, зашто колку повеќе одиме нагоре, толку амбисот поднас е се подлабок и застрашувачки! Ние горе, а поднас во јато летаат птици! На две – три места се јавува чистинка која дозволува да ја видиме поднас и акумулацијата на ХЕЦ ,,Глобочица’’, со својата мирна, тиркизно – зелена водена површина. И, одеднаш, сега одоздола, ѓи здогледуваме, оддалеку, куќите на с. Јабланица!

Нив, неможеш со еден поглед да ѓи опфатиш, зашто селото е од ,,раштркан тип’’, или како што вели дедо Недан Петроски ,, павиљонски тип’’! Така, тие зафаќаат огромен простор. За да го изодиш селото на долж и на шир потребно е од 45 минути од 1 час (нагоре)! Селото Јабланица е расположено во една амфитеатрална заветрина, свртена кон Југ, на припек. ,,Павиљонскиот тип’’ придонел селото да се состои од повеќе ,,мали’’ (маала). Нај ниска е ,,Топлец’’, а највисоката ,,Шајнова мала’’.Разлика во висинска смисла е, речиси, 300метра! ,,Топлец’’ е на 950 м, а ,,Шајнова’’ на преку 1200 метри н.в! Но, во однос на земјоделското производство, па и сточарството, нема разлика зашто теренот има своја ,, микро’’ клима. Кога веќе ѓи спомнавме ,,малите’’, останатите друѓи ѓи носат имињата: ,,Долна мала’’, ,,Горна мала’’ , ,,Дејкоска’’, ,,Гров’’ , ,,Ломница’’!

Прв пат с. Јабланица се спомнува во душанвата повелба за манастирот Св. Богородица Перивлепта во Охрид, во 1342 година, а податоци за родовите во селото и нивното потекло се содржи во книгата ,, Дебарски Дримкол’’ од доктор Миленко Филиповиќ. Според кажувања, пренесувани од колено на колено јабланчани најпрвин живееле во селото Бигор, но заради зулуми се растурило, па еден брат го населил денешната пискупштина, соседно на Јабланица друг заминал за Јабланица и ја основал Дејкоска мала – нај старата маала во Јабланица. Третиот брат заминал во соседното село Боровец и го формирал – Мартин село. Денес на местото Бигор постои црквичка посветена на св Јован Претеча, но има и голем број надгробни плочи, без некаков логичен распоред и без некакви обележја. Куќите во селото Јабланица , скоро сите се градени од делкан и мазен камен, на приземје и кат, со естетски изразени елементи од македонската нацоналнта архитектура и затоа претставуваат интерес за студентите од архитектурата и градежништвото кои со свои професори доаѓаат на студиско проучување. Прави впечаток дека повеќе градби се лоцирани на ,, гребенот’’ – сртот на многуте ритчиња на селските реќички, а помалку крај нив. Со тоа жителите си обезбедиле, се чини, дополнително задоволство да уживаат во панорамата кон целата околина, планинските високи врвови, но и кон просторната Дримколска котлина заедно со малку замагледното, во далечина, Охридско езеро.

Кога зборуваме за изградба на куќи покрај познатите обичаи да се избира соодветно место, кај Јабланчани има и интересни обичаи каде нетреба да се гради куќа! Имено несмеело да се гради на место каде некогаш се складирало жито, или од како ќе се ископаат темели, се барало ,, нешто живо’’ – црв или мравка. Ако такво нешто не се најде во ископаната земја, изградбата на куќата се вршела на друго место. Тоа го констатираат научниците Марјан Покропек, Томаш Стрончек во својата книга ,,Споредбена монографија’’ на македонското село Јабланица и полските села Пјентки и Твароги, народна архитектура Скопје, ИФ, 1992. За Јабланчани може да се употреби изразот ,, многу’’! на пример тие се многу побожни луѓе како празници на селото тие ги обележуваат св Јован, св Иван, трет ден духови, Крстов ден, Св. Илија кој е и заштитник на селото јабланица, а Илинден е селска слава. Речиси секоја маала има своја црква или црквичка. Црквичките ги нарекуваат ,, ваковчиња’’. Одделно , има и соборна црква Св. Илија, за која ќе стане посебно збор. Во Топлец мала се наоѓа црквата ,, Пресвета Богородица ‘’ во Дејкоска Св. Мина меѓу народот позната како Св. Мартинија, а во друѓите ,, мали’’ се Св. Параскева, Св. Петка, Св. Никола и тн. Сите се изградени од делкан камен со сите естетски ,, нишани’’ . Како Св. Параскева и Св. Петка и на пророкот Св. Илија му се посветени две цркви: спомнатата – соборната и манастирската црква Св. Илија на врвот на еден рид кој се наоѓа на 1450 метри надморска височина – ,,близу до небот’’ може да се каже дека овој сакрален објект е обнова врз темелите на постар црковен објект и се наредува меѓу ретките на таква височина.

Од тука погледот е доминантен на сите страни, за посетителот – ретко доживување! Околу објектот е стара букова шума со огромни стебла кој веќе одат кон својот ,, крај ‘’, но сеуште опстојуваат на громовите и светкавиците! … Чудо е како сегашните не многу бројни жители се упорни во настојувањата за животот таков е каков е, да се продолжи како ништо да не се променило! Манастирот Славиј првата недела по Крстов ден ( воздигнување на светиот крст, на 27 Септември) во манастирот се организира народен собир на кој учествуваат повеќ од 4 – 5000 посетители, а се служи ручек за повеќе од 3000 гости. Настанот е поврзан со една локална леѓенда која се пребесува од генерација на генерација. Леѓендата може да се прочита на следниот линк.

Овој манастирски комплекс, сеуште се доградува, се украсува околината се средува и особено огромната покриена трпезарија за околу четристотини гости… Упорно, но кој знае на кој начин потесното изровано, не асвалтирано патче се довлекува градежен разновиден материјал за да се доврши започнатото. На 6-ти јуни оваа – 2017 година бев присутен на празнувањето на ,, трет ден духови’’ во манастирот. Славјето започна со голема поворка на чело со свештеникот, а понего верници, од секаква возраст носекејки црковни херувини и хоругви и други црковни предмети ја обиколија црквата три пати со пеење религиозни песни во кој е изразена молбата кој бога да даде дожд за добра жетва и напредок на селото. Потоа поворката ѓи посетија сите цркви и свети места во селото.

Потоа следуваше богата ,,лицитација’’ на однесени подароци од верниците, а селаните заинтересирано ѓи купуваат, се тоа се одвиваше во една ведра и весела атмосвера потоа следуваше и богата трпеза, секако, на височина на 1450 метри. За чудо беше понудена и домашна ракија која по питкост и ,, шмек’’ не отстапува од ракиите од ,,низините’’! чудо е како на таква височина од 1200 метри во селото виновата лоза да го ,, узрева’’ грозјето успешно! (вообичаено било во селата од Долни Дримкол да се вари сливова ракија, препеченица, но со изградбата на акумулацијата ,,Глобочица’’ настанале промени во микро климата, така што сливовите насади и родови е десеткуван. Во време на Отоманската империја, дел од данокот селото Јабланица го плаќала во шира, а тоа говори дека таму постоеле, некогаш, големи лозови насади)… Некогаш селото, во ,, полн’’ состав одгледувало многу пченка, ‘рж, компири и други замјоделски култури. Денес од тоа нема речиси ништо! Карактеристично е дека за разлика од другите околни села, во Јабланица нивите се речиси сите над селото.

Кога минувавме по патчето и обратно, забележавме сеуште траги од некогашните плодни ораници, но само траги за спомен! Сега сето земјоделско производство е концентрирано околу куќните дворови а помалку, нешто, подалеку, но и сега пченката е доминантна. Таа, темно- зелена и ,, здрава’’ како да вели ,, јас не се предавам’’! во селото велат жителите нема бунари, но затоа има според кажувањето на жителите регистрирано повеќе од 500 извори со чиста, бистра и студена вода. Од нив е изграден и водовод… кога слегнавме во селото, ја посетивме соборната црква Св. Илија, лоцирана на една височинка, со недогледен поглед наоколу. Изградена е во 1889 година од деклан мазен камен. Тоа е дело на јабланчани – мајстори камено резачи, кои оставиле свој белег тука, во подалечната околина, на балканот па дури и во далечната Венеција. Црквата е три корабна со четри плитки куполи. Фреско живопис нема, но затоа има симпатичен иконостас со икони од кои особено се издвојуваат иконата работена врз овча кожа и ѓи претставува света Богородица со Христос во раце. Живописецот или Зографот внел ,,зрел’’ реализам, чиниш, Богородица е жена ,, од нашата улица’’! Другата икона е ,,воведение Пресвета Богородица’’ и има потпис на авторот. Тоа е крсте Никољев од Лазарополе. И двете икони се работени во 1886-та година. Корабите и куполите се држат на четри камени столба, во сегменти, и завршуваат со четвртасти капители во орнаментика со вкусна орнаментика се и тамбурите, а сферните триаголници имаат рељефи од растителен свет и ,,херувими’’ – Ангели со детски глави на крилја. Моите домаќини дадоа еден податок дека кога се градела црквата, турските власти не дозволиле да има прозорци на северниот ѕид, бидејки тој ,,гледал’’ кон муслиманската ,,шаинова мала”, туку само на јужниот ѕид, каде има и влез. Прави впечаток и убаво изградениот балкон на западната страна, над главниот влез, кој по обичај е наменет за жени … Посебно треба да се нагласи дека во ,,свое време’’ работел и свои дела оставил познатиот наш зограф – Дичо Петров, во црквите Пресвета Богородица и во Света Мина – Мартинија. Но, манијата да се оштетуваат нашите културно историски споменици и тука нашла свои актери. Така, на 13-ти септември 2009-та година се украдени иконите изработени од Дичо Зограф.

Некогаш селото Јабланица имало осмолетка со 350 ученика! Можеме да си замислиме каква врева била во училиштето, помалите и стрмни улички, кога учениците, едни си оделе кон дома, а другите кон училиштето! Тоа веќе одмна го нема, зашто сега има само 45 ученика! Но, сегашните жители се ,,страшно’’ оптимисти. Велат постепено има но има враќање на жители што го напуштиле селото.

До селото до Струга и низ другите ,,долни населби’’ се обраќа мини бус четри пати дневно. Тоа овозможува контакти со околните населби и особено со Струга каде учат доста ученици и има службеници од селото. Под селото тече полноводна рекичка која извира на запад близу границата на Албанија. На неа е изградена мала хидро централа. Јабланчани се жалат на изменета еколошка состојба и на извзршената делумна експоприација. Стариот градежен мајстор Недан Петроски на 93 години се сеќава дека од ослободувањето па се до Резолуцијата на информбирото во 1948-ма година границата со Албанија била целосно отворена и населението во тој период контактирало, од обете страни на границата без документи, а потоа ,,целосно” затворена. Од таа страна на границата, регионот се нарекува ,,Голо брдо’’ населен со нашинци…

Јабланица е село од каде потекнуваат многу наши истакнати учени и талентирани луѓе. Меѓу нив се браќата Милан и Александар Ѓурчинови. Милан – книжевник, книжевен критичар, славист, професор на универзитет и академик. Александар- филмски режисер, кој се истакна со Филмот ,,Исправисе Делфина’’. Од селото е и писателот за деца Петко Домазетовски, Илија Аџиевски, познат ликовен уметник, извонредниот интерпретатор на народни песни – Добри Ставревски, архитектот Оливер Петровски – конструктор на Милениумскиот крст на Водно (заедно со Јован Стефановски), шахиската Габриела Коскоска, член на нашата шаховска репрезентација, многу лекари во медицинскиот центар во Струга – специјалисти но и надвор од татковината, кои мигрирале уште на минатиот век…

Мојте соговорници Илчо Цоклески – Активист благајник на црковниот одбор, неговиот брат Горан Цоклески и веќе споменатиот дедо Недан имаа уште многу што да кажат за своето село, но најмногу се задржаа на бројните тајни за селото што ги знаел свештеникот, сега на 93 години, но и покрај големите настојувања нивниот соселанец поп Петре Петроски многу кажал, но и многу нешта ѓи оставил како тајни – за навек! Самиот Илчо и тој остави еден настан да остане како тајна! Значи, можеби за следната средба!… и таква каква е денес Јабланица таа не престанува да ,, произведува ‘’ способни луѓе. Таков е, на пример Перо Пејчиноски кој се повеќе се афирмира во кулинарството, а тоа го покажа со приготвениот свечен ручек, горе во манастирот Св. Илија. Да се надеваме дека и натаму Јабланица и во иднина ќе се афирмира со своите таленти, скоро во сите области на целокупниот живот кај нас.


web counter