Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Илинден 2026 во село Јабланица


01 август 2026 год.

Нашата традиција продолжува, Јабланичани од сите краишта на светот се враќаат во родната Јабланица за големиот македонски празник Илинден. Традиционалниот заеднички илинденски појадок во црквата Св. Илија, фудбалскиот турнир и организацијата на ручекот се главните обележја за овој ден во Јабланица..

За почеток како што налага нашата традиција денот го почнуваме со појадок во манастирската црква Св. Илија, прекрасен начин на едно место да се сретнат луќе од различни генерации. Потоа продолжуваме со традиционалниот малски турнир во мал фудбал.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ ИЛИНДЕН, ЈАБЛАНИЦО И ЈАБЛАНИЧАНИ КАДЕ И ДА СТЕ

 

Во пресрет на празникот, вечерва се изврши извлекувањето на двојките за натпреварите, за традиционалниот „Илинденски турнир во мал фудбал во Јабланица“ со следниот распоред:

Распоред на натпреварите на традционалниот Илинденски турнир во мал фудбал Јабланица-Ливаѓе 2026 година
1.ДЕЈКОСКА Победник од екипата 1 и 2 Победник 1 и 2 против Слободна (ФИНАЛИСТ 1) Победник
2.ЛОМНИЦА
3.Г.МААЛА Победник од екипата 3 и 4
4.БОЈКОО
5.БЕЛКОВЦИ Победник од екипите 5 и 6 Победник 3 и 4 против победник 5 и 6 (ФИНАЛИСТ 2)
6.Ш.МААЛА
7.ТОПЛЕЦ-ГРОФ Слободна

Турнирот започнува во 9:00 часот со натпреварот ДЕЈКОСКА МААЛА - ЛОМНИЦА

Ги молиме учесниците на турнирот да ги почитуваат временските термини и редоследот заради што поуспешно организирање на турнирот.

Во текот на утрешниот ден на истава страница ќе бидат објавени резултатите и дел од атмосферата на Ливаѓе

За многу години да го славиме Илинден

Традиционален Илинденски турнир во мал фудбал „Ливаѓе 2026 год, село Јабланица

02 август 2026 год.

За разлика од претходните години, годинава со малку зголемен број на посетители се одржа традиционалниот турнир во фудбал во една прекрасна пријателска атмосфера. Турнирот требаше да започне со натпреварот ДЕЈКОСКА МААЛА против екипата на ЛОМНИЦА, меѓутоа како и неколкку години претходно екипата на ДЕЈКОСКА МААЛА не се појави на турнирот, па така натпреварот заврши со непопуларниот службен резултат во корист на ЛОМНИЦА

ДЕЈКОСКА МААЛА - ЛОМНИЦА 0:3 ( службено)

ГОРНА МААЛА-БОЈКОО 2:4

БЕЛКОВЦИ- ШАЈНОА МААЛА 1:2(пенали)

Во првиот круг екипата на ТОПЛЕЦ-ГРОФ беше слободна

Прво полуфинале: ЛОМНИЦА - ТОПЛЕЦ-ГРОФ 2:0

Второ полуфинале: ШАЈНОА - БОЈКОО 1:2( пенали)

ФИНАЛЕ: ЛОМНИЦА - БОЈКОО 0:4

ПОБЕДНИК НА ИЛИНДЕНСКИОТ ТУРНИР ВО ЛИВАЃЕ ЗА 2026 ГОДИНА Е EКИПАТА НА: БОЈКОО

Треба са се напомене дека пред почетокот на секој натпревар се оддржуваше едноминутно молчење во чест на прерано починатиот Миле Коскоски легенда на јабланичкиот фудбал, исто така за време на натпреварите се случи пожар во кругот на црквата Св.Мино (Св. Мартинија), голем број од учесниците на турнирот се упатија во кругот на црквата и заедно со противпожарната екипа успешно беше изгаснат пожарот.

ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА СЕ ГЛЕДАМЕ ЗА ИЛИНДЕН ЈАБЛАНИЧАНИ


web counter