Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Elisabetha Pejcinoska

...Јабланичанката Елизабета Пејчиноска успешно ја гради својата актерска кариера во Холивуд. После завршувањето на Краус Конзерваториумот во Виена и многубројните улоги во Националниот Театар од Виена, Елизабета во 2007 го сними филмот Revanche кој што беше номиниран за Оскар во категоријата за филм од неанглиско говорно подрачје.

После тоа се преселува во Лос Анѓелес, Калифорнија каде што играше во филмот Jackrabitt во режија на Дајан Амбрусо. Освен што работи на неколку куси филмови се јавува и како автор и продуцент на еден краток филм Beverly Hills Rehab.

7 јануари 2013 год.

Рождество Христово - Божик во Јабланица


Рождеството Христово-Божик е еден од најголемите христијански празници,денот кога беше роден нашиот Бог Исус Христос, воплотен од Светиот Дух и Пресвета и Вечнодева Богородица Марија. Тоа е денот кога Божествена светлина блесна и го покажа патот по кој треба да се движи човештвото, денот кога почна една нова епоха, епохата на љубовта.

Сите православни христијани со голема радост го празнуват овој празник.

rozdestvo.jpg

Ние во Јабланица празнувањето го почнуваме во раните утрински часови со посета на соборната црква Св.Илија, после богослужбата и причеста се продолжува со посета на соселаните од Горна Маала.

Во оваа прилика mojatajablanica.com на сите Јабланичани им го честита овој голем празник.

Христос се роди !

Вистина се роди !

web counter