Архитектура
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

izvor

...по повод 2000 години од раѓањето на Исус Христос и доаѓањето на новиот милениум, на планината Водно, во непосредна близина на Скопје, во 2002 година беше изграден импозантен крст.

Со 66 метри тоа е највисоката градба во Република Македонија. Денес со изградбата на жичарницата до него, местото постана туристичка атракција, секојдневно посетувана од стотици посетители.

За нас е интересно тоа што негов архитект е Оливер Петроски кој што има јабланичко потекло.

Архитектура


     Кога оддалеку ќе се погледнат расфрланите скромни куќи изградени од камен и дрво зборот архитектура добива предимензионирано значење. Но, доколку се навлезе во една подлабока анализа на живеалиштата во Јабланица тогаш со право може да се зборува за архитектура карактеристична за одреден простор.

Почнувајќи од изборот на локацијата за градба, материјалот, формата и функционалноста на градбата, чувството за рaционално искористување на просторот и прилагодувањето на живеалиштето кон природните услови, јабланичката куќа претставува единствена и неповторлива синтеза на градителската виртуозност.

традиционална селска куќа во село Јабланица

Традиционална Јабланичка куќа

Целата процедура, од идејата за изградба на нов дом, па се до вселувањето во него е пропратена со низа обредни активности.

За многумина практикувањео на овие обреди претставува само начин да се победи стравот и суеверието од настани и појави кои што за обичниот човек попримаат димензија на нешто необично и натприродно. Со степенот на развојот на општеството, нивото на образование и културата драстично се зголеми во овие краишта, но практикувањето на обредите сеуште живее и се пренесува од генерација на генерација, што зборува за една длабока, езотерична и необјаснива врска на човекот од овој простор и природата.

Традиционалната Јабланичка куќа има квадратна или правоаголна форма со височина која варира помеѓу два или три ката, изградена е од камен, дрво, кал и глина, а покриена со т.н. турски керамиди.Во градежништвото во селото Јабланица нема единствени архитектонско-пластични решенија, речиси секоја куќа се разликува од другата и во селото не можат да се сретнат исти куќи.

Кога се зборува за традиционална Јабланичка куќа се мисли на куќите изградени при крајот на 19-тиот и почетокот на 20-тиот век.

 

црква Св. Илија во село Јабланица

Црква Св.Илија-ремек дело на Јабланичките каменорезци

Куќите се граделе на претходно добро проверен терен. Подлогата требало да биде тврда за да се обезбеди стабилноста на градбата.Темелите биле длабоки до 1 метар и широки до 1 метар. Првиот ѕид бил широк околу 80 см, со поскромно изработени врати и прозорци на јужната страна и целосно заѕидан на северната страна. На височина од 1 метар па пропорционално нагоре, од двете страни на ѕидот се поставуваат дрвени греди наречени појаси, кои што се меѓусебе поврзани со помали дабови штици наречени клепи. Поставувањето на овие појаси има повеќекратна функција, заедно со калта со која се заѕидуваат камењата, појасите имаат улога на некаков вид на амортизер на евентуалните потреси предизвикани од земјотресите и движењето на земјиштето. Ова е една од првите асеизмички методи на градба. Просториите што се наоѓале во овој дел се користеле за чување на добиток и како помошни простории за чување земјоделски производи и алатки.

Дебелината на ѕидовите на следниот кат била околку 60-70 см., со поголеми врати и прозорци на јужната страна и мали прозорци пушкарници на северната страна. Комуникацијата помеѓу катовите и просториите внатре во куќата била со дрвени скали и врати кои што за домаќините биле лесно разбирливи, но за дојденците делувале како лавиринт.

Внатрешното уредување било скромно. Ѕидовите биле облепени со глина или кал како некаков вид малтер, а во нив имало отвори наречени долапи, кои се затворале со дрвени капаци и имале улога на некаков вид на креденци.

Oсобено впечатлив дел на јабланичката куќа претставуваат висечките балкони во различни форми наречени телизи.

Јабланичките мајстори каменорезци биле надалеку прочуени. Се прераскажува дека своевремено граделе дури до Венеција. Целото нивно искуствои знаење го преточиле во сопствените домови, градејќи на совршено прецизен начин со најосновните алатки и помагала и скоро без никакво образование во областа на градежништвото.

Куќите во Јабланица стотици години го издржувале налетот на времето и останале сведоци како исконската борба на Јабланичанецот и суровата природа раѓа градителски гениј.

 
web counter