Природни убавини
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

regina

...во близина на Лос Анѓелес, се наоѓа студиото за модерен балет RKDC (Regina Klenjoski Dance Company), според публиката, критичарите и многубројните награди од областа на модерните танци тоа е едно од најпрестижните студија во Лос Анѓелес и воопшто во Калифорнија и не случајно ѕвезди од типот на Paula Abdul таму ја подготвуваат кореографијата за своите настапи.

Студиото е формирано во 1999 година од страна на јабланичанката Регина Клењоска која истовремено е и негов уметнички директор.

Природни убавини


     Прекрасната природа е една од карактеристиките на селото Јабланица. Како што се поминува со погледот преку огромното пространство, пејсажот се менува како на филмска лента. Столетните дабови и букови шуми формираат прстен околу селото, а зелената боја е доминантна во поголемиот дел од годината.

Селото е испресечено со длабоки долови направени од многубројните потоци и помали рекички.

Во северниот најгорен дел на селото се забележува карст што е резултат на влијанието на приморската клима во тој дел.

Целокупниот простор е богат со животински и растителен свет. Од животинскиот свет забележително е присуството на мечка, волк, срна,зајак, дива свиња, дива коза па дури и рис, додека пак кога се зборува за растителниот свет освен разновидните листопадни и зимзелени дрва подрачјето е богато и со голем број на лековити билки.

Јабланичка Река

Јабланичка Река или како што популарно меѓу населението се нарекува Ѕвездица претставува вистински бисер на природата на овој простор.

Извира од едно глечерско мочуриште во близина на селото Лакајца. Својот стрмен тек го продолжува низ селото Јабланица притоа прибирајќи ги кон себе помалите и поголеми потоци, како што се Усечка, Беличка Река и Горкина, а пред влезот во селото Пискупштина гради една убава клисура.

Jablanicka Reka.jpg

Од тука се дели на два дела, едниот дел низ вештачки изградениот канал се влева во вештачкото езеро Глобочица, а другиот го продолжува својот природен тек кон Црн Дрим.

Реката е богата со речна пастрмка и претставува прекрасна можност за краткотраен одмор и релаксација во прегратките на недопрената природа.

Но за жал во скоро време во план е изградба на неколку мали електрични централи со кои што неповратно ќе се уништи една од најубавите планински реки во Македонија, еден вистински бисер на природата, а уште пострашен е податокот дека месното население нема да има никаква економска корист од тоа.

 

Стрижак

     На југозапдната страна на селото се наоѓа врвот Стрижак кој доминира во просторот. Висок е околу 2100 метри но, длабоката клисура што ја формира Јабланичка Река во неговото подножје само го засилува таквиот доминантен изглед на Стрижак.

По целата должина на планината Јабланица, од ниедно населено место не постои таква импозантна глетка на планинските врвови како што се тие во селото Јабланица.

Стрижак село Јабланица

На запад Стрижак се поврзува со уште еден прекрасен врв Виша Рица.

Овој дел од планината е познат по столетните букови шуми, а повисоките делови во недоглед се простираат широки пасишта.

Во минатото овие пространства биле од големо стопанско значење за жителите на овој крај, во најново време сме сведоци на бескрупулозното уништување на прекрасната природа, предизвикана од човечката алчност и негрижата на институциите.

Секоја година на 13 јули Павловден (Павел) помеѓу месното население постои традиција на искачување на Стрижак и посета на прекрасните глечерски езерца што се наоѓаат во негова непосредна близина. Според кажувањата на постари жители ваквата традиција трае одамна и е посветена на престојот на Св. Павле на овие простори во време на неговото мисија за ширење на христијанството низ Македонија.

 

Радуч

     На северозападната страна на селото, на тромеѓето помеѓу селата Лакајца, Јабланица и Модрич се наоѓа врвот Радуч.

Радуч село Јабланица

Висок е 2084 метри. Во пониските делови карактеристични се столетните букови шуми, додека во повисоките делови доминираат огромните падини обраснати со трева и планински билки.

Вистинска атракција во овој дел претставува месноста Девојкина вода со неверојатните извори со бистра и студена вода кои се цел на чести посети од локални излетници.