Акција за расчистување на патот
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Акција за расчистување на патот


12 мај 2013 год..

Соочувајќи се со континуираната негрижа од страна нашата држава, жителите на селото Јабланица, како многупати до сега, организираа акција за расчистување на патниот правец Боровец - Јабланица.

Со задоволство можеме да констатираме дека акцијата заврши успешно, што е уште еден доказ за високата општествена свест на жителите на селото, која што за жал не добива никаква поткрепа од институциите на Република Македонија.

Им благодариме на учесниците во акцијата.

(фото галерија)

 
web counter