Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


Донација од National Geographic за училиштето Гоце Делчев во Јабланица


07.февруари.2018 год.

Веќе неколку месеци во Јабланица претстојува волонтерот на Американскиот Мировен Корпус Andrew Gardner.

Како и повеќето волонтери и тој „донкихотовски“ се втурнува во борба со „сенишните ветерници“ на нашиот образовен систем.

Недостатокот од наставнни помагала го натера да се обрати до неколку светски познати компании кои во своите програми вклучуваат скромни донации во одредени сфери од нивното делување.

pat jablanica.jpg

pat jablanica.jpg

Првата скромна помош пристигна од можеби најпознатата телевизија на светот, National Geographic.Тие испратија неколку карти на светот и мали глобуси, кои ќе послужат како одлично наставно помагало, особено за најмладите ученици. Тоа што многу не израдува е дописот на National Geographic во кој што изразуват надеж дека нивните помагала навистина ќе помогнат на учениците во Јабланица.


pat jablanica.jpg

Една стара кинеска поговорка вели дека „И патот од илјада милји започнува со првиот чекор“, се надеваме дека овој чекор ќе го следат и други организации и секако се надеваме дека иста посветеност и ентузијазам ќе покажат и некои „наставници“.


pat jablanica.jpg

web counter