Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


„Голема Недела„ - село Јабланица 2015 година


02 октомври 2015 год

Привршуваат последните подготовки околу организацијата на празникот Голема Недела во село Јабланица.

Вредните домаќини, по обичај последниве неколку години ни приредуваат по некое ново изненадување, проширен е просторот кај јужната страна на црквата со голем ѕид од камен, но, она што во моментов остава најголем впечаток се прекрасните камени скали и полукружната порта на влезот.

Св. Илија село Јабланица

Оваа година организацијата според претходно востановениот распоред и припадна на Горна Маала, им посакуваме успешна организација како и многупати досега во минатото, исто така новитет кој првпат се воведува од оваа година, а кој предизвика многу позитивни реакции на социјалните мрежи е Бифето, кое што ќе го организира црквата и сиот приход ќе биде наменет за црквата, сите вработени тоа ќе го прават исклучиво за помош без финансиски надомест.

Во оваа прилика сакаме да изразиме благодарност до сите кои што на било каков начин претходно помогнале овој прекрасен простор да го направиме уште попривлечен и подостапен.Воедно Ве покануваме на 04 октомври (недела) заеднички да прославиме уште една прекрасна Голема Недела во село Јабланица.

Временските прилики и оваа година се на наша страна се очекува сончево и топло време, за Временската прогноза за Јабланица

Поопширно за значењето на празникот „Голема Недела„ и неговото прославување може да прочитате ОВДЕ

ЗА СИТЕ ОНИЕ КОИ ОД ОПРАВДАНИ ПРИЧИНИ НЕМА ДА БИДАТ СО НАС НА ОВОЈ ПРЕКРАСЕН НАСТАН ПОДГОТВУВАМЕ БОГАТ ФОТО МАТЕРИЈАЛ


4 октомври 2015 год.

„Голема Недела “ во црквата Св. Илија - село Јабланица 2015 год.

Уште една прекрасно организирна „Голема Недела“ во село Јабланица останува зад нас. Илјадници посетители имаа можност да бидат дел од една колективна енергија што ги сплотува независно од местото од каде што доаѓаат.

Св. Илија село Јабланица

За Јабланичани долгот кон Св. Илија нивниот заштитник е нешто свето, тие секоја следна година се трудат скромно, но, на достоинствен начин да го прослават празникот.

Св. Илија село Јабланица

Гостите се надеваме дека се задоволни впрочем тоа го покажува и нивната фасцинираност од местото и настанот.

Св. Илија село Јабланица

Св. Илија село Јабланица

Оваа година гостин ни беше уметникот од светски калибар, насекаде низ светот попознат како „амбасадорот на цвеќето“, уметникот чии што дела ги красат резиденциите на најмоќните луѓе на светот, Г-дин Живко Поповски-Цветин.

Св. Илија село Јабланица

Ни претставува посебна чест што од нашиот манастир продолжи да ја „пишува“ неговата и наша „патека на мирот“.

Голема благодарност до сите кои што помогнаа сиот настан да изгледа прекрасно, особено до годинешните кумови семејството на Божо Петроски, повеќегодишниот донатор фирмата ПН Метал од Охрид која го донираше материјалот за изградба на скалите и портата, Петроска Веса (Вељоклењоска) од Бистрица, која помогна околу изградбата на портата, како и до мајсторите Васил и Лазе од Пустец.

За многу години да ние празникот и догодина повторно да се сретнеме на истото место.


web counter