Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
„Голема Недела„ - село Јабланица 2017 година
01 октомври 2017 год
„Ова е прекрасна земја на луѓе кои немаат многу но сакаат се да споделат со другите“, вака, својата фасцинација од местото и луѓето, некаде во својот дневник, а потоа и како говор пред скромната камперска вечера ја изрази нашиот нов виетнамски пријател и глоубтротер Минг.Да се надеваме дека неговиот дневник ќе стане бестселер и надалеку ќе ја пренесе славата за луѓето и местата што имал можност да ги запознае. Шетајќи ја Европа пеш, „случајно“ налетал во Јабланица и манастирот Св. Илија, впрочем како и илјадниците други посетители од нашата земја но и сите краишта на светот.Повеќето од нив, со молитва сакајќи да пронајдат душевен мир, некои авантуристички да запознааат нови места и луѓе, некои следејќи ги трагите на една стара легенда. Кога сите тие луѓе ќе ја сплотат својата енергија на едно место тогаш навистина станува збор за Голема Недела. Манастирот Св. Илија и оваа година беше магнет за безбројните посетители, трпеливо и смирено, полека провирајќи се под прекрасните новоизградени камени сводови, со часови се чекаше ред за да се запали свеќа. Благодарност до сите посетители, донатори и послугата на Дејкоска маала која беспрекорно си ја заврши работата. За многу години.