Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
„Голема Недела„ - село Јабланица 2021 година
3 октомври 2021 год
Духовната сила со која зрачи манастариот Св. Илија, прекрасниот октовриски сончев ден и желбата на верниците да дојдат. се покажаа посилни од стравот од пандемијата и корона вирусот. Голем број верници, мирно и достоинствено, почитувајќи ги мерките за заштита, особено во затворениот простор на црквата Св. Илија дојдоа да се помолат и да запалат свеќа.
И оваа година како и лани, заради засилените мерки на безбедност изостана традиционалниот ручек во дворот на црквата. се надеваме дека следната година ситуацијата ќе се подобри и полека ќе се вратиме на вообичаените животни активности.
Во подножјето на ридчето на прекрасната ледина широко беше развиорено македонското оро, а гостите ги забавуваше познатиот естраден уметник Спасен Силјановски.
ЗА МНОГУ ГОДИНИ ДА НИ Е ПРАЗНИКОТ И СЛЕДНАТА ГОДИНА ДА СЕ СРЕТНЕМЕ ВО ПОГОЛЕМ БРОЈ..