Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
27 април 2013 год.
Лазарева Сабота во село Јабланица
Во Јабланица продолжува прекрасната традиција на празнување на Лазарските празници. Од раните утрински часови групи девојчиња облечени во традиционална невестинска облека одат низ селото и пеат лазарски песни. Има повеќе лазарски песни и се користат според личниот , семејниот или општествениот статус на лицето за кое е наменета песната. Песните обично се со оптимистична и духовита содржина и посакуваат здравје , успех и напредок.
Лудо ѓаче книга учит Лазаре книга учит писмо пишит Лазаре Поминаје лазарките Лазаре Од што ти се здодеало Лазаре Дали книга учеешти или писмо пишеешти Лазаре Ни од што ти велиш Лазаре Си имав една сестрица Лазаре без мене ја посвршија Лазаре посвршија омажија Лазаре Ништо пешкиш не дадоје Лазаре Не стој више поклони се Лазаре
Изникнало цвеќенце Лазаре В старичина градина Лазаре Старица го незнала Лазаре Под ноѕи го газела Лазаре Кога ми го зазнала Лазаре кишче ми го окишчила Лазаре гранче ми го гранчила Лазаре Не стој више поклони се Лазаре
Честил јунак за промена Не би честил за промена тук је честил за девојка за девојка ѓуземилка Ама му је недаваје скокна јунак се наљути ми избега на далеку таму седа три години ми спечали три илјади прв илјада дома пушти друг илјада коња купи трет илјада мома зеде од далеку синот вика нати мајко одменица не стој више поклони се Лазаре
Ова е само мал дел од пребогатата ризница на народното творештво во Јабланица.
ИЗВЕСТУВАЊЕ
Пријателите на страницата mojatajablanica.com дојдоа до прекрасна идеја за заедничко дружење, на 1 и 2 мај во месноста Ливаѓе.
По тој повод ги повикуваме сите вљубеници во природата, кампери, авантуристи, излетници, спортисти и сл., да ни се придружат, барем за момент да избегаат од секојдневното сивило и да ја почувствуваат моќта на Јабланичката убавина.
Имаме сознанија дека оваа наша идеја веќе пробудила голем интерес и затоа апелиреме да се води сметка за заштитата на природата.