Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

05 јануари 2014 год.

Масакр врз срните во село Јабланица


Според сеуште непотврдени и неофицијални информации, во Јабланица, за време на Новогодишните празници, група од неколку непознати лица извршила вистински масакр, убивајќи неколку срни.

Убијците (тие немаат право да се нарекуваат ловци) кукавички избегале од местото на настанот и ги оставиле убиените и ранетите животни.

Се шират гласини дека кучиња скитници веќе неколку дена ги разнесувале лешевите на отсреланите животни. Иако на увид на лице место дошле екипи на МВР и ловочуварската служба во јавноста сеуште не е излезена никаква информација или соопштение во врска со настанот.

Таквиот однос на институциите подгрева голем број шпекулации и револт кај локалното население. Ова е уште еден доказ на едно тврдење дека Јабланица и воопшто сите села на Долни Дримкол одамна не се под контрола на државата Република Македонија.

Мојата Јабланица апелира до сите надлежни институции да ги превземат соодветните мерки за заштита на природните ресурси на подрачјето на Долни Дримкол, а воедно апелира и ги мотивира сите жители на Јабланица и останатите села на Долни Дримкол, без трошка грижа на совест, дека од некого ќе бидат наречени шпиони и сл.,да пријават вакви или слични дејствија.

Очекуваме дека во периодот што претстои надлежните институции ќе ги пронајдат и најсурово казнат злосторниците.

Исто така очекуваме дека ќе се развие една плодна дискусија за начинот на кој може да се спречат ваквите несакани појави, во меѓувреме ги молиме сите вистински вљубеници во Јабланица, Долни Дримкол и природата да го проследат и споделат текстов со своите пријатели ширум Македонија со цел актуелизирање на случајот до конечната негова разврска.

web counter