Монтажа на метална конструкција во црква Св.Илија
Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Монтажа на метална конструкција во црква Св.Илија


25 август 2013 год..

Веќе постанува традиција, кон крајот на август, на околу еден месец од празнувањетона празникот “Голема Недела“, во кругот на манастирската црква Св Илија да се изведуваат припремни градежни работи. Оваа година приоритет ни беше комплетирањето на металната конструкција на просторот предвиден за послужување на ручекот.

Во оваа прилика како жители на село Јабланица и како христијани сакаме да изразиме голема благодарност кон сите учесници во организацијата и извршувањето на работите, особено кон приватната фирма ПН Метал од Охрид, без чиј што ангажман, во условите во кои живееме, ова ќе беше само неостварена желба.

(фото галерија)

web counter