Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

14 март 2013 год.

НЛО над село Јабланица


Денеска во раните утрински часови на небото над село Јабланица беше забележан НЛО.

Видно вознемирените и возбудени жители раскажуваат дека објектот бил со елипсовидна форма, односно личел на чинија.

nlo

Најпрво бил забележан во пределот на Горна Маала. Бесшумно движејќи се со голема брзина и по траекторија невообичаена за нам познатите закони на физиката, се спуштил во правец на месноста Осмајнчино, каде што му се губи трагата.

Во меѓувреме Комитетот за Безбедност од Одделот за Истражување на натприродни појави и контакт со вонземска интелигенција при Месната Заедница во село Јабланица, по итна постапка ја активира единицата за специјални намени популарно наречена „Луѓе со пиво“, формирана по примерот на една слична единица, од еден познат научно-фантастичен филм, со цел што побрзо расветлување на случајот.

После неколкучасовно гласно инаетење и галамење, што е дел од локалниот фолклор, во навидум некоординираната, но специфична формација „љуќум“, eдиницата опремена со најсофистицирани лопати од типот М-45 (симболот на јабланичкиот непокор), се упати кон местото на настанот.

После извршениот увид на лице место, од портпаролот на единицата добивме штури информации дека бил пронајден објектот (чинија произведена во фабриката „Борис Кидрич“, година на производство: 1985 ), исфрлена како дел од акцијата на замена на дотраен кујнски сет, а во прилог на заштита на човековата околина.

За многу години Летник и на здравје „момејнцата“

Денеска е Летник. Според старата локална традиција се верува дека ако денот почне со некоја лага,шега или досетка, целото лето ќе биде убаво и весело.Затоа се прави обид во текот на тој ден да се задржи позитивната енергија.

Летник е исклучиво македонски празник со предхристијански елементи и го празнуваат Македонците без разлика на верската припадност. Многумина етнолози го поврзуваат со празникот Ксантика што се празнувал уште во времето на Древна Македонија.

Подготовката за празнување на Летник во селото Јабланица почнува претходниот ден со варење пченка и собирање лескови и дренови гранки.Вечерта се прават „моњаци“ од бела и црвена боја и се ставаат на рацете на девојчињата.

Денот почнува со фаќање за лесковата и дреновата гранка, грицкање на нивните пупки и јадење нешто слатко. При фаќањето за гранките се изговара: „Да сум јак како дрен да сум лесен како леска“,односно метафорички се изразува желба за здравје и сила за претстојната сезона.На овој ден куќите вообичаено ги посетуваат девојчињата кои носат дабови гранчиња со суви лисја и ги палат во огнот притоа пеејќи:

	жар пилци, жар јајца, квачка со пилци, 
	кокошките да носет јајца, 
	надвор да пасет, внотре да носет,
	мошки дечиња, женски телчиња, јаганчиња и ждрепчиња

(Обредна песна што се пее на Летник на изворен Јабланички дијалект)

Од кога ќе се изврши ритуалот се послужуваат со варената пченка и „отсипаното гравче во решето“.Девојчињата потоа се даруваат со костени, ореви јаболка и сл.

Сите овие ритуали ја симболизираат благодарноста и желбата за плодност на земјата, добитокот и живината во текот на престојното лето.

web counter