Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Празнување на празникот Слегување на светиот Дух (Дуовден) во село Јабланица


25 јуни 2013 год..

Празнувањето на Празникот, Слегувањето на Св, Дух (Дуовден) во селото Јабланица, по многу нешта е карактеристично. Првиот ден, во раните утрински часови се оди во соборната црква Св. Илија и се носат оревови гранки, потоа се практикува еден ритуал досега не забележан во пошироката околина. Верниците собираат млади оревови и сливови плодови и се тепаат со нив. Процедурата се повторува три пати. Симболиката и потеклото на овој обичај најверојатно немаат христијански корени ( важно е да се напомене дека во последниве неколку години полека се отстапува од овој обичај).После тоа се зема од претходно донесените оревови гранчиња и се посетуваат гробиштата на најблиските во црквата Пресвета Богородица во Топлец.

(фото галерија)


Третиот ден на Дуовден се оди „по крсти“ почнувајќи од црквата Пресвета Богородица, црквичките Св. Никола и Св.Петка во центарот на селото, па се продолжува кон Св. Мартинија, од тука во соборната црква Св. Илија каде што се прави водосвет, после кусата пауза црковната литија продолжува кон изворите „Велјак“ и малата црквичка Св. Недела. Во црквата Св. Илија Горен се организира скромен ручек. За време на ручекот се организира продажба на даровите донесени во црквата од страна на верниците по пат на лицитација исполнета со хумор и натпреварувачки жар во која што одреден дар може да достигне и десеткратно повисока цена. После завршувањето на ручекот поворката продолжува низ месноста „Круши“ кон црквичките Св Преполовение и Св. Петка во маалото Топлец. Во минатотото се поминуваше низ месноста “Ориште“ која што се наоѓа во Горно Маало, но после изградбата на црквичката Св. Преполовение од практични причини дојде до промена на патеката на движење.Во текот на целиот пат се пеат обредни песни чија што цел е молбата кон Бог за дожд и просперитет на селото.


web counter