Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Прекин на наставата во ООУ „Гоце Делчев“ во село Јабланица


22 октомври 2015 год.

Проблемите со училиштето во село Јабланица очигледно немаат крај.

Откако после повеќе од еден месец конечно беше пуштена електрична енергија, се појави нов проблем со снабдувањето со огревно дрво. Симптоматично е тоа што ова во континуитет се провлекува последниве неколку години.

Основно училиште Гоце Делчев село Јабланица

Обврската за снабдување на училиштето со огревно дрво потпаѓа под Министерството за Образование на Република Македонија и Општина Струга, обврска која си ја префрлаат едни на други, а каде што најголеми губитници се учениците.

Минатата година дел од граѓаните, заедно со персоналот на училиштето беа изманипулирани, учествувајќи во собирање на помала количина на дрва во непосредна близина на училиштето, кои патем беа во приватна сопственост, се до разрешување на проблемот со снабдувањето.

Поучени од минатогодишното искуство Советот на родители на ООУ „Гоце Делчев“ од село Јабланица донесе одлука да не ги пушта учениците на настава се до обезбедувањето на потребните количини огревно дрво.

Покрај ова беа наведени уште неколку предуслови кои што треба најбзро да се разрешат за да може наставата да се одвива во нормални услови

Ова се заклучоците донесени на состанокот на Советот на родители при ООУ „Гоце Делчев“ и дел од персоналот на училиштето:

1. Прекин на наставата до обезбедување на нормални услови за одржување на настава, односно обезбедување на огревно дрво.


2. Барање за обезбедување на исправна вода за пиење.


3. Санирање на санитарните јазли или изградба на нови.


4. Санирање на покривот на училиштето.


5. Санирање на безбедносната ограда на училиштето.


6. Осветлување на полигонот на училиштето и улично осветлување во тој дел.

Инаку многу битно е да се напомене дека повторно имаше обид за инволвирање на МЗ.Јабланица во разрешувањето на проблемот.

Заради информација до недоволно информираните, потенцираме, дека единствени кои имаат обврска да го снабдат училиштето со огревно дрво се Министерството за Образование на Република Македонија и Општина Струга, сите други; приватни лица, невладини здруженија, Месни Заедници и сл., можат то да го направат по сопствена волја и желба.


ВЕ МОЛИМЕ СПОДЕЛЕТЕ ПО СОЦИЈАЛНИТЕ МРЕЖИ ЗАРАДИ ПОДОБРО ИНФОРМИРАЊЕ ДО КОНЕЧНО РАЗРЕШУВАЊЕ НА ПРОБЛЕМОТ.

web counter