Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

24 февруари 2013 год.

Промоција на кандидатурата за градоначалник на Д-р Владо Кочоски во село Јабланица


Денеска во 15 часот во просториите на училиштето „Гоце Делчев“ во село Јабланица, кандидатот за градоначалник на Општина Струга Д-р Владо Кочоски оствари средба со жителите на селото во пресрет на престојните локални избори.

promocija_jablanica

Неговиот избор, промоцијата на неговата кандидатура да ја почне од селото Јабланица од каде што потекнува, беше со воодушевување примен од поголем број на жители на селото кои што недвосмислено покажаа дека застануваат зад неговата кандидатура и подготвени се, без разлика на политичката и верската припадност својот глас да го дадат за „нашиот“ Д-р Влатко.

После релаксираниот разговор со жителите на кој беа изнесени идеите и препораките за делување на следните локални избори, тимот

promocija_jablanica

на Д-р Владо Кочоски во кој беа и носителот на листата на кандидати за советници Никола Затуроски и претседателот на ОК ВМРЕО ДПМНЕ - Струга Перо Петкоски, продолжи со посета на другите Долно-Дримколски села Нерези, Пискупштина и Луково.

web counter