Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
23 февруари 2013 год.
Промоција на кандидатот за градоначалник на Струга Д-р Владимир Кочоски
Вечерва во конгресната сала на хотел Дрим се одржа промоција на кандидатот за градоначалник на општина Струга Д-р Владимир Кочоски и листата на советници предложена од ВМРО-ДПМНЕ.
Во присуство на голем број личности од јавниот и политичкиот живот од Струга и околината, кандидатот за градоначалник ја претстави својата изборна програма како и насоките и стратегијата на предизборната кампања за престојните локални избори.
Кандидатурата за градоначалник на општина Струга доаѓа во еден турбулентен период на политичката сцена како во Општина Струга така и во Република Македонија, предизвикан од нарушените меѓуетнички и меѓупартиски односи.

Г-динот Кочоски е угледен хирург-специјалист во Болницата во Општина Струга, без поголеми политички ангажмани во минатото и без ниту една дамка во приватниот и професионалниот живот, и се чини дека претставува идеална опција за градоначалник на жителите на Општина Струга без разлика на партиската, етничката или верската припадност.
За жителите на село Јабланица и Долни Дримкол претставува посебна чест и задоволство кандидатурата на Д-р Владимир Кочоски за градоначалник на Општина Струга на престојните локални избори и можеби последната надеж и шанса за опстанок и ревитализација на ова подрачје.