Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески“ 2013


9 август 2013 год.

Драги пријатели,

И годинава по 8-ми пат на 18 август (недела), во село Јабланица се организира меморијалниот турнир во мал фудбал „Наумче Ѓерѓески“.

Турнирот е еднодневен се игра на две игралишта по систем на испаѓање.

Оптималниот број на екипи е сведен на 32. Од тие причини ги молиме сите заинтересирани своето учество да го најават најдоцна до 15 август кај лицата:

Симиџиоски Спасе, контакт телефон: 077 655 538 и

Ѓерѓески Стојче, контакт телефон: 078 595 469

Екипите треба да бројат најмногу 8 играчи.

Цената за учество е симболична и изнесува 500 денари по екипа.

Извлекувањето на двојките ќе се изврши на 17 август во просториите на училиштето Гоце Делчев во село Јабланица.

Како и секоја година, за најдобрите екипи, обезбедени се вредни награди.

Оргнизационен Одбор на меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески“.

mlace.jpg
Победници 2012 год екипа Млаче - с. Јабланица


ИНФОРМАЦИИ ЗА ТУРНИРОТ

17 август 2013 год.


Во пресрет на почетокот на турнирот ќе се обидеме навремено да Ве информираме за сите активности. Како што е познато турнирот се игра на две игралишта, Вкупниот број на екипи ќе биде распореден во две групи, екипите од едната и другата група не можат да се сретнат меѓусебно пред полуфиналето. Заради големиот број на екипи натпреварите ќе се играат на две игралишта во првите фази на турнирот, четвртфиналните, полуфиналните и финалниот натпревар ќе се играат само на асфалтното игралиште. Натпреварите се играат во две полувремиња од 10 и 15 мин, доколку резултатот е нерешен веднаш се пристапува на изведување пенали.

Натпреварите ќе се играат според модифицирани ПРАВИЛА за мал фудбал соодветни на околностите на турнирот

Вечерва во 20 часот во просториите на училиштето Гоце Делчев беше извршено извлекувањето на двојките и РАСПОРЕДОТ на натпреварите за утрешниот турнир

Натпреварите започнуваат во 9:30 часот, со натпреварите Манипулатори - Стадиум на асфалтното игралиште и Десетки - Беким Компани на тревнатото игралиште.

Ги молиме учесниците на турнирот да ги запазат термините за одигрување на натпреварите

Шематски приказ на распоредот на натпреварите КЛИКНИ ТУКА


18 август 2013 год..

РЕЗУЛТАТИ ОД НАТПРЕВАРИТЕ И ГАЛЕРИЈА:



РЕЗУЛТАТИ :

Манипулатори - Стадиум 1:1 пенали 2:3

Луково - Инсомниа 1:2

Сунѓери - Пискупштина 0:0 пенали 2:3

Дрим тим - Безево 0:4

Рибник Павик - Нерези 1:2

Елмазоски - Ветерани 1:1 пенали 2:3

Фк Млади - Клио 1:2

Еуростил - Горна Маала 3:0

Десетки - Беким Компани 5:2

Вевчани - Млаче 0:0 пенали 2:3

Октиси - Боград Бороец 0:3 (службено)

Чиче - Автолимар Саше 0:3 (службено)

Волино- Пеле Комерц 2:1

Лазороски - Бокоп 1:4

втор круг

Стадиум - Инсомниа 0:0 пенали 0:2

Пискупштина - Безево 0:4

Ветерани - Нерези 0:2

Еуро стил - Клио 2:2 пенали 3:2

Десетки - Млаче 4:1

Боград Бороец - Чиче 1:3

Волино - Бокоп 0:1

четвртфинале

Инсомниа - Безево 3:1

Нерези - Еуростил 0:4

Десетки - Чиче 0:2

Бокоп - (слободна)

полуфинале

Инсомниа - Еуростил 0:1

Бокоп - Чиче 0:2

ФИНАЛЕ

ЕУРОСТИЛ - ЧИЧЕ 0:5

1. место ЧИЧЕ - ОХРИД

2.место ЕУРОСТИЛ - ЛУКОВО

3 место ИНСОМНИА - ВРАНИШТА

За најдобар играч на турнирот е прогласен Балоски Гоце од екипата на Еуростил

За најдобар голман е прогласен Велјаноски Илче од екипата на Чиче

web counter