Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Изградба на спортски комплекс во село Јабланица


14 март 2014 год

Познатиот азиски милионер Рандава Сети, инаку попознат како четврти братучед на Субрата Рој, по мајкина линија, инспириран од постапката на неговиот славен роднина да инвестира во Македонија, решил дел од своите средства да ги инвестира во изградба на спортски комплекс во Република Македонија.

kompleks

За таа цел стапил во контакт со луѓето од агенциите задолжени за привлекување странски инвестиции, каде што бил срдечно пречекан и нагостен. Откога ги образложил своите планови околу изградбата на повеќенаменски спортски комплекс во чиј состав била планирана и изградба на фудбалски, кошаркарски полигони, тениски игралишта, луксузен хотел, покриен пливачки базен и голем голф терен, останал вчудоневиден и малку разочаран од одговорот кој го добил, односно од неможноста да се пронајде соодветна локација бидејќи сите локации или биле изградени или биле „капарени“ за надалеку прочуениот проект „Препород во милијарда чекори“, и дека во моментот постои само една слободна локација во која ниту било нешто планирано ниту се планирало да се гради во следните стотина години,бидејќи се било изградено а земјата била „бадијала“, односно во селото Јабланица. Немајќи друг избор, прифатил,така Јабланичани ни криви ни должни ќе добијат луксузен спортски комплекс.

Но, за да не биде се така едноставно, се погрижи „озлогласената“ опозиција која што тврди дека има авторски права за проектот бидејќи прва се сетила.

И, додека траат партиските надмудрувања околу овој фамозен проект, Јабланичани сонуват како спортуваат на спортските полигони, рамо до рамо со светските ѕвезди, а, за возврат поготвени се за инает од претходните инвеститори земјата да не ја продаваат по 8 денари за квадрат туку да му ја дадат бесплатно.

Наздравје и за многу години Летник

Нашите предци подобро ги разбирале циклусите на природата, Летник значел нов почеток после долгата и студена зима, време е и ние полека да се разбудиме.


ПОВЕЌЕ ЗА ПРАЗНИКОТ:

ОВДЕ

ОВДЕ


web counter