Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...

Во Јабланица пронајдено наоѓалиште на природен гас !


14 март 2015 год

Изминативе денови целокуопната светска јавност е преокупирана со здравствената состојба на рускиот Председател Владимир Путин, шпекулациите се движат во разни насоки, но малкумина ја знаат причината за таквата ситуација.

Имено, деновиве, во Јабланица, при вршење на градежни работи во месноста Умишта, работниците почувствувале присуство на природен гас. На лице место веднаш пристигнале високи претставници на ЕУ и НАТО, експерти од енергетиката како и неизбежните наши министри „без“ ресор, и грубо процениле дека се работи за најголемото наоѓалиште на природен гас во Европа.

gas

Информацијата вешто се криела неколку денови. Но ѓаволот ни ора ни копа, проработела оската Заев, Асанж, Сноуден, па информацијата стигнала до Путин,а, овој веднаш штом ја слушнал паднал во несвест и сеуште се наоѓа на интензивна нега.

Информациите од останатиот дел на светот говорат за драматичен скок на вредноста на македонскиот денар на светските берзи, во Вашингтон, Белата Куќа, во знак на благодарност се префарбала во портокалова, а од Овалната соба непрестано се слушал Сачмо со својот Прекрасен свет.

Во меѓувреме Јабланичани тријат раце надевајќи се дека конечно во 2015, токму заради овој мал дар на природата, патот ќе биде прооден во текот на целата година, ќе има непречено снабдување со електрична енергија, интернет и телефон, нема да бидат сместени како Индијанци во некаков си резерват, а можеби ќе произлезе и некоја дополнителна инвестиција.

Но, првичната еуфорија набрзо спласна, после истражувањето на независната експертска група, која што утврди дека причината за присуството на голема количина гас е неконтролираното користење на грав во исхраната на Петок 13. Оваа информација за миг го обиколила светот и стигнала до ушите на Путин кој во полусон наредил да се инвестира во Јабланица, односно да се изгради еден голем полски клозет, за да не му се случуваат повеќе вакви шокови, исто така вредно да се напомене е неговото категорично инсистирање полскиот клозет да биде во БАРОК стил.

Наздравје „момејнцата“ и за Многу години Летник!


ПОВЕЌЕ ЗА ПРАЗНИКОТ:

ОВДЕ

ОВДЕ


web counter