Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески„ - село Јабланица 2015 година
18 август 2015 год
Денеска во Јабланица по десетти пат се одржа меморијалниот турнир во мал фудбал „Наумче Ѓерѓески“.
На турнирот учествуваа 26 екипи, Победник на турнирот беше екипата Мераклија од Јабланица, која што во финалето ја совлада екипата на Ветерани од Јабланица со 6:3.
Третото место го освои екипата на Јунајтед. За најдобар играч на турнирот беше прогласен Аднан Мустафоски од екипата на Јунајтед
Победник на турнирот екипата Мераклија
Второпласирани екипа Ветерани
Трето место екипа Јунајтед
Заедничка фотографија на финалистите
Уште една заедничка фотографија со наградите
Најдобар играч Аднан Мустафоски
Информации за турнирот од претходни години: 2012 | 2013 | 2014 |