Мени
Интересно

Дали сте знаеле дека ...

Gabriela Koskoska

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.

Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.

Изгледа до водата е ...


Меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески„ - село Јабланица 2014 година


08 август 2014 год

Драги пријатели,

И годинава по 9-ти пат на 18 август (понделник), во село Јабланица се организира меморијалниот турнир во мал фудбал „Наумче Ѓерѓески“.

Турнирот е еднодневен се игра на две игралишта по систем на испаѓање.

Оптималниот број на екипи е сведен на 32. Од тие причини ги молиме сите заинтересирани своето учество да го најават најдоцна до 15 август кај лицата:

Симиџиоски Спасе, контакт телефон: 077 655 538 и

Ѓерѓески Влатко, контакт телефон: 072 672 998 или

преку електронски пат со испраќање на е-маил ОВДЕ на Контакт страницата на mojatajablanica.com во која што ќе бидат содржани името и членовите на екипата.

Екипите треба да бројат најмногу 8 играчи.

Цената за учество е симболична и изнесува 500 денари по екипа.

Извлекувањето на двојките ќе се изврши на 15 август во просториите на училиштето Гоце Делчев во село Јабланица, во 19 часот..

Како и секоја година, за најдобрите екипи, обезбедени се вредни награди.

Оргнизационен Одбор на меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески“.

Победници на меморијалниот турнир во село Јабланица

Победници 2013 год екипата Чиче - Охрид

Општи информации за турнирот

Во пресрет на почетокот на турнирот ќе се обидеме навремено да Ве информираме за сите активности.

Како што е познато турнирот се игра на две игралишта, Вкупниот број на екипи ќе биде распореден во две групи, екипите од едната и другата група не можат да се сретнат меѓусебно пред полуфиналето. Заради големиот број на екипи натпреварите ќе се играат на две игралишта во првите фази на турнирот, четвртфиналните, полуфиналните и финалниот натпревар ќе се играат само на асфалтното игралиште. Натпреварите се играат во две полувремиња од 10 и 15 мин, доколку резултатот е нерешен веднаш се пристапува на изведување пенали.

Натпреварите ќе се играат според модифицирани ПРАВИЛА за мал фудбал соодветни на околностите на турнирот

НАЧИНОТ И ВРЕМЕТО НА ИЗВЛЕКУВАЊЕ НА ДВОЈКИТЕ КАКО И ШЕМАТСКИОТ ПРИКАЗ И РАСПОРЕДОТ НА НАТПРЕВРИТЕ ЌЕ БИДЕ ОБЈАВЕН ВО СОГЛАСНОСТ СО АКТИВНОСТИТЕ НА ТУРНИРСКИОТ ОДБОР НА ИСТАВА СТРАНИЦА



15 август 2014 год

Како што беше објавено на страницава, денеска требаше да се изврши извлекувањето на двојките заедно со распоредот за одигрување на натпреварите. До 19 часот беа пријавени 21 екипа но, заради зголемениот интерес за пријавување, Организациониот Одбор во интерес на сите кои што не успеале до 15-ти да се пријават го пролонгира рокот а, со тоа и терминот за извлкување до 17 август во 20 часот.

Ова се имињата на екипите кои што се пријавиле до 15-ти август:

1. Лекоски Петко - Македонија 2014;

2. Никола Долински - Десетки;

3. Гол аут;

4. Павле Ѓерѓески - Чиче;

5. Горан Цоклески - Јабланица;

6. Бојан Нелчески - Нерези;

7. Драган и Јовче;

8. Петко Ѓероски - Сунѓери;

9. Бокоп;

10. Јуниор - Враништа;

11. Домашари - Пискупштина;

12. Дримкол Експрес - Нерези;

13. Дарко;

14. Рандем - Игор;

15. Млаче - Јабланица;

16. Ветерани - Јабланица;

17. Беким Компани - Бороец;

18. Ломница - Јабланица;

19.Еуро стил - Луково;

20. Финташи - Јабланица;

21. Шајноа Маала - Јабланица;

22. Илче Цацаноски;

23. Дрим Тим - Бороец;

24. ФК Бороец;

25. Луково;

26. Роки Фирма - Бороец;

27. Фер Плеј - Бороец;

28. Броми Промет - Враништа;




17 август 2014 год

НЕДЕЛА 16:00 ЧАСОТ, ЗАВРШЕНО Е ПРИЈАВУВАЊЕТО НА ЕКИПИТЕ

Вечерва во 20 часот во просториите на училиштето Гоце Делчев беше извршено извлекувањето на двојките и РАСПОРЕДОТ на натпреварите за утрешниот турнир

Натпреварите започнуваат во 9:00 часот, со натпреварите Нерези - Сунѓери на асфалтното игралиште и Ветерани - Млаче на тревнатото игралиште.

Ги молиме учесниците на турнирот да ги запазат термините за одигрување на натпреварите

Шематски приказ на распоредот на натпреварите КЛИКНИ ТУКА



18 август 2014 год

РЕЗУЛТАТИ И ФОТОГАЛЕРИЈА


Резултати од турнирот:


18 август 2014 год

АСФАЛТ ПРВ КРУГ

Нерези - Сунѓери 0:2

Фер плеј - Беким Компани 4:6

Јабланица - Домашари 6:3

Јуниор - Дримкол Експрес 2:3

Бокоп - Роки фирма 3:2

Стела Роса - Дрим тим 1:0

Шајноа Маала - ФК Бороец 0:3 (службено)

Луково - Ломница 1:2

ТРЕВА ПРВ КРУГ

Ветерани - Млаче 1:2

Драган и Јовче - Броми Промет 2:1

Десетки - Македонија 2014 3:2

Финташи - Рандем 3:2 после пенали

Гол аут - Дарко 3:2 после пенали

Чиче - Еуростил 0:3 (службено)

АСФАЛТ ВТОР КРУГ (победници од прв круг на трева)

Млаче - Драган и Јовче 0:4

Десетки - Финаташи 3:4 после пенали

Гол аут - Еуростил 1:8

ТРЕВА ВТОР КРУГ (победници од прв круг на асфалт)

Сунѓери - Беким Компани 3:2 после пенали

Јабланица - Дримкол Експрес 4:1

Бокоп - Стела Роса 1:0

ФК Бороец - Ломница 0:2

ЧЕТВРТФИНАЛЕ

Сунѓери - Јабланица 0:4

Драган и Јовче - Финташи 4:1

Бокоп - Ломница 0:3

Еуростил - слободна

ПОЛУФИНАЛЕ

Еуростил - Драган и Јовче 0:5

Јабланица - Ломница 1:0 после пенали

ФИНАЛЕ

Драган и Јовче - Јабланица 4:1

1. место Драган и Јовче село Враништа

2.место Јабланица - село Јабланица

3 место Ломница - село Јабланица

За најдобар играч на турнирот е прогласен Дончо Затуроски од екипата на Драган и Јовче

За најдобар голман е прогласен Мишо Шикулески од екипата на Ломница

ОРГАНИЗАЦИОНИОТ ОДБОР ИЗРАЗУВА БЛАГОДАРНОСТ КОН СИТЕ УЧЕСНИЦИ ПОСЕТИТЕЛИ НА ТУРНИРОТ


Информации за турнирот од претходни години: 2012 | 2013


web counter