Дали сте знаеле дека ...

Најдобрата македонска шахистка на сите времиња, десеткратната шампионка на Македонија и поранешен јуниорски првак во поранешна Југославија Габриела Коскоска има јабланички корени. Таа е редовен учесник на сите големи светски шаховски натпревари.
Кога сме кај шахот, двократниот младински шампион и шампион во сениорска конкуренција на Македонија во шах во 2008 год, актуелниот селектор на женската шаховска репрезентација на Македонија Ристе Менкиноски исто така потекнува од Јабланица.
Изгледа до водата е ...
Меморијален турнир „Наумче Ѓерѓески„ - село Јабланица 2019 година
18 август 2019 год
Со присуство на голем број гледачи и 16 пријавени екипи од струшкиот регион денеска се одржа 14-тиот меморијален турнир во мал фудбал „Наумче Ѓерѓески“ во село Јабланица.
Турнирот се одржа во прекрасна спортска атмосфера
Првото место го освои екипата на Пискупштина која во финалето со високи 7:1 ја совлада екипата на Сунѓери од Јабланица.
Во борба за третото место екипата на минатогодишниот шампион Јабланица ја победи екипата на Куратица со 3:1.
Претходно во полуфиналните мечеви екипата на Јабланица загуби од Пискупштина на пенали после нерешениот исход од 1:1, а екипата на Сунѓери ја порази екипата на Куратица со 1:0
За најдобар играч на турнирот беше прогласен Кристијан Цацаноски од екипата на Пискупштина
Повеќе фотографии од настанот во следните денови ќе можете да најдете на Фејсбук страниците поврзани со село Јабланица
Победник на турнирот екипата на Пискупштина
Второпласираната екипа Сунѓери од Јабланица
Третопласираната екипа Јабланица
Четвртопласираната екипа на Куратица
Заедничка фотографија на финалистите
Најдобар играч на турнирот Кристијан Цацаноски
Дел од атмосферата на турнирот,
Информации за турнирот од претходни години: 2012 | 2013 | 2014 | 2015 |
2016 | 2018 |